FOKA Logo

Вести

Нови 3.000 m² под покрив

40% поголем простор и нов магацин од околу 3.000 м²

Фабриката на Foka во Горни Милановац, Србија, снимена од воздух

Поради значителното зголемување на обемот на работа, Foka d.o.o. на крајот на 2017 и почетокот на 2018 година вложи во значително проширување на деловниот простор. Вкупната површина на просторот е зголемена за 40 проценти, а штом временските услови ќе дозволат, ќе започне изградбата на магацински простор со вкупна површина од околу 3.000 m².

„Новиот магацински простор физички ќе се надоврзе на постојните производствени погони, па производството и понатаму ќе функционира ’под еден покрив‘, што е исклучително важно пред сѐ за безбедноста на храната и за квалитетот на амбалажата за прехранбени производи, имајќи предвид дека речиси 70% од амбалажата што ја произведуваме се користи токму за пакување прехранбени производи“, вели г. Miroslav Radovanović, генерален директор на Foka d.o.o.

Завршувањето на градежните работи на новиот магацин е планирано за почетокот на ова лето.

Повеќе вести

Сите вести

Нашиот тим ќе Ви предложи материјал, формат и печат што одговараат на Вашиот производ и на Вашата машина.