FOKA Logo

Вакуум кеси и фолии

Вакуум кеси за индустриско пакување

Вакуум кеси (вакум кеси, кеси за вакуумирање) со средна и висока бариера за производители на месо, сирење, замрзната храна и кисела зелка. Ги изработуваме од повеќеслојни материјали, транспарентни или обоени, без печат или со печат.

Вакуум кеси за индустриско пакување
  • Готова кеса
  • Фолија на ролна

Изведби на вакуум кесите

  • Транспарентен материјал
  • Обоен материјал
  • Евро-отвор
  • Засек за отворање
  • Зип
  • Два или три завари

Печатење

Без печат, или со внатрешен или надворешен печат до 8+8 бои.

Структури и дебелини

ВидСтруктураДебелина
Средна бариераPA/PA/PE60–150 µm
Висока бариераPA/EVOH/PE60–150 µm
Ламинирана со PETPET // PE/EVOH/PE45–155 µm

Често поставувани прашања

Не го гледате Вашето прашање? Пишете ни или јавете ни се.

Контактирајте нè
Која е разликата меѓу вакуум кеси со средна и со висока бариера?

Кесите со средна бариера имаат структура PA/PA/PE, а кесите со висока бариера PA/EVOH/PE, за производи на кои им треба посилна заштита од кислород. И двете се изработуваат од 60 до 150 µm.

За кои производи изработувате вакуум кеси?

Имаме наменски изведби за месо, сирење, замрзнати производи, кори за пита и кисела зелка, како и кеси Hampack за шунка.

Може ли вакуум кесите да бидат со печат?

Да. Можат да бидат без печат, или со внатрешен или надворешен печат до 8+8 бои.

Како да побарам понуда?

Кажете ни што пакувате, димензиите и количините што ги планирате и на која машина пакувате. Ако имате мостра или спецификација, приложете ја.

Нашиот тим ќе Ви предложи материјал, формат и печат што одговараат на Вашиот производ и на Вашата машина.