FOKA Logo

Индустрии

Амбалажа за пекарски производи

Амбалажата за пекарски производи, за леб, печива и брашно, се избира според самиот производ и рокот на траење што сакате да го постигнете, а производот треба да ги задржи изгледот и свежината и откако ќе ја напушти полицата. За пекари и мелници произведуваме кеси за леб, пакување за кори за пита, кеси за замрзнато тесто и фолии на ролна.

Амбалажа за пекарски производи

Производи за пекарска и мелничка индустрија

Сите производи во пребарувачот

Која амбалажа за кој пекарски производ

Што пакуватеАмбалажаШто е важноМатеријал
Цел и сечен лебКеси за лебЦврсти завари, проѕирни или во боја, без печат или со печатPPc, oPP
Кори за питаПакување за кори за питаСредна и висока бариера за кислород, хот-такoPP, PET // PE, PET // PE/EVOH/PE
Кори за пита во вакуумВакуум пакување за кори за питаСредна или висока бариера, одлична отпорност на пробивањеoPA // PE, PET // PE/EVOH/PE
Замрзнато тестоКеси за замрзнато тестоБариера за кислород и водена пареа, завари отпорни на ниски температуриPET // PE, oPP // PE
Брашно, шеќер и други зрнести производиАмбалажа за зрнести производиБариера за кислород, ги чува вкусот и ароматаPE, PET // PE, PP // PE, PET // PETmet // PE

Што бараат пекарските производи од амбалажата

  • Заштита на корите за пита од исушување и кинење при транспорт
  • Механички својства на материјалот што го продолжуваат рокот на траење
  • Цврсти завари и хот-так за автоматски линии
  • Материјал и завари што остануваат стабилни на ниски температури, за замрзнато тесто
  • Конструкција на пакувањето приспособена на производи на кои им е потребна вентилација
  • Печат до 8 бои, затоа што пакувањето го носи Вашиот бренд и откако производот ќе ја напушти полицата

PE фолија на ролна за автоматско пакување

За пакување на Вашата линија испорачуваме полиетиленска фолија, црева и полуцрева, проѕирни или во боја, без печат или со печат. Се користат во пекарите и за пакување брашно и шеќер.

ФолијаДебелина
HDPE8–100 µm
LDPE20–200 µm
Коекструдиран LDPE20–250 µm

Често поставувани прашања

Не го гледате Вашето прашање? Пишете ни или јавете ни се.

Контактирајте нè
Која амбалажа е најдобра за леб и пекарски производи?

Амбалажата за леб и печива се избира според видот на производот, содржината на влага, начинот на дистрибуција и она што е потребно за да се зачува квалитетот. Кесите за леб и соодветната фолија на ролна покриваат различни формати на пакување. За производите на кои им е потребна вентилација, конструкцијата на пакувањето мора да се дефинира според тоа.

Како да изберам амбалажа за кори за пита и тенки пекарски производи?

Кај корите за пита и сличните производи важни се заштитата од исушување, спречувањето на кинење и зачувувањето на производот при транспорт. Зависно од Вашиот процес, може да користите пакување за кори за пита или вакуум пакување. Материјалот треба да одговара на содржината на влага, начинот на чување и чувствителноста на производот.

Која фолија е погодна за пакување замрзнато тесто?

Фолијата за замрзнато тесто мора да издржи ниски температури и да ги обезбеди механичката отпорност и сигурното заварување што му се потребни на производот. Земете ги предвид и начинот на полнење, транспортот и складирањето, за пакувањето да ја задржи функцијата во текот на целата дистрибуција.

Како да изберам фолија за автоматско пакување на пекарски производи?

Важни се форматот на пакувањето, брзината на машината, начинот на заварување и однесувањето на фолијата на линијата. Добро усогласен материјал може да ја направи линијата постабилна и да го намали шкартот. За точна процена, испратете ни податоци за Вашата опрема и за димензиите на пакувањето.

Како да побарам понуда за амбалажа за леб, кори за пита или тесто?

Кажете ни што пакувате, дали производот е свеж или замрзнат, кој формат и кои димензии Ви се потребни, кои количини ги планирате и дали Ви е потребен печат. Ако имате мостра од сегашната амбалажа, приложете ја.

Нашиот тим ќе Ви предложи материјал, формат и печат што одговараат на Вашиот производ и на Вашата машина.