Вести
Годишното производство на кеси зголемено за 35 милиони парчиња
Нова машина Karlville главно за дојпак и вакуум кеси

Со набавката на нова машина за конфекционирање на најсложените видови кеси и пакувања, компанијата „Foka“ d.o.o. го зголеми капацитетот на погонот за конфекционирање кеси за околу 35 милиони парчиња годишно, а машината „Karlville“ од најновата генерација ќе ни овозможи барањата на купувачите да ги реализираме во значително пократок рок.
На новата машина главно ќе произведуваме doypack кеси и вакуум кеси, за кои побарувачката на пазарот постојано расте, бидејќи е докажано дека обезбедуваат апсолутна заштита на спакуваниот производ. Освен тоа, овие форми оставаат доволно простор на самата амбалажа, па со врвниот флексо печат што го користиме можете да ја истакнете Вашата промотивна порака и да го привлечете вниманието на купувачите кон Вашиот бренд.
По најновата инвестиција, погонот за конфекционирање кеси на компанијата „Foka“ d.o.o. во моментов располага со 12 машини за конфекционирање, со што можеме да произведеме околу 2,6 милиони кеси со различни форми и димензии дневно.

Повеќе вести
Други пишуваа за нас: интервју со г. Miroslav Radovanović
Годинава Foka d.o.o. вложи околу пет милиони евра во поголем простор и нови машини. Повеќе во разговорот со генералниот директор.
Прочитајте ја вестаНови 3.000 m² под покрив
Поради поголемиот обем на работа, Foka d.o.o. на крајот на 2017 и почетокот на 2018 година го прошири деловниот простор за 3.000 m².
Прочитајте ја вестаНови облици и нови модели: нова машина за конфекционирање кеси
Следејќи ги светските стандарди, Foka d.o.o. вложи во нова машина за погонот за кеси, кој дневно произведува околу 2,5 милиони кеси.
Прочитајте ја веста

